| четврток, 6 декември 2018 |

Пешак настрада на булеварот Трета македонска бригада

Пешак настрада во сообраќајна несреќа што денеска попладне се случи на булеварот Трета македонска бригада во Скопје.

Според првичните информации од скопската полиција, несреќата се случила околу 18,40 часот во близна на средното училиште „Владо Тасевски“ кога автомобил „опел“ со скопски таблчки удрил во човек што одел пеш по улицата. Повредениот, чиј идентитет засега е непознат, со возило на Брза помош е пренесен во Градската болница „Св. Наум Охридски“.

Полицијата до пред малку вршеше увид на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top