Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека престанал да пуши затоа што се плаши од неговата сопруга Мишел, пренесува МИА
Изјавата е дадена во еден пријателски и опуштен разговор со некои од делегатите и гостите во Обединетите нации во Њујорк, пред отворањето на годинешново генерално собрание на Светската организација. Во разговорот Обама признава дека има страв од Мишел, па дека стравувајќи од неа ги оставил цигарите пред шест години, иако бил страствен пушач.

Претседателот на САД не кажува што ќе се случело доколку не ја послушал сопругата Мишел. Признането на американскиот претседател за неговиот страв сосема случајно е уловено од камерите на Си-Ен-Ен кои го следеле доаѓањето на Барак Обама во ОН и ги снимале неговите средби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


