Европскиот суд на правдата одлучи да ја одбие тужбата на младата Турчинка која се обиде да докаже дека визниот режим за велзот на турските граѓани во земјите на ЕУ е нелегален и дека треба да се укинат. Дваесетгодишната Лејла Демиркан го тужела германскиот суд во Луксембург поради тоа што германскиот конзулат во Анкара пред пет години го одбил нејзиното барање за виза. Таа својата тужба ја базирала на договорот за асоцијација кој Турција во 1963-та година го потпишала со Европската економска заедница (подоцна ЕУ), а според кој некои категории на турски државјани можат да патуваат во десет европски земји, вклучувајќи ја и Германија, без визи.
Демиркан, со помошта на угледниот германски адвокат Ролф Гутман пробала да издејствува укинување на визниот режим за Турците кои патуваат во Германија и во уште девет западноевропски земји, кои во 1963-та биле членки на ЕЕЗ. Судот меѓутоа, по двегодишни водење на случајот пресуди во корист на Германија, со констатација дека визниот режим е легален, врз основа на Шенгенскиот договор.
Процесот во Турција беше следен со големо внимание, со оглед на тоа што оваа земја веќе со години безуспешно се обидува да стане дел од белата шенгенска листа, и е практично единствената земја кандидат за членство во ЕУ, на чии граѓани се уште им се потребни визи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


