Марк Вебер очигледно е незадоволен од казната да стартува десет позиции поназад поради тоа што се возеше на болидот на Фернандо Алонсо по завршувањето на трката во Сингапур.
На австралискиот 36-годишен возач во самиот финиш на трката му откажа неговиот Ред Бул, па така остана без четвртата позиција која му беше загарантирана. Во почесниот круг Фернандо Алонсо го качи на болидот и заедно се одвезоа до боксот.
И двајцата возачи добија опомени од ФИА, со тоа ова е четврта опомена за Вебер, па затоа на следната трка во Кореа ќе стартува со казна од десет позиции.
-Тоа што добивме опомени е смешно. Тоа беше прекрасен момент кои им се допадна на навивачите- рече Вебер, исто така објави и слика на еден од судиите од ФИА кои на исти начин во почесниот круг се одвезол до боксот.
Проценете сами дали Вебер направи прекршок или не.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.