| четврток, 6 декември 2018 |

Клоп ќе паузира еден натпревар поради испадот што го имаше

Според пишувањето на „Билд“ кој се повикува на сигурни извори, УЕФА го казнила Јирген Клоп со еден меч суспензија

Borussia Dortmund's coach Klopp applauds supporters after losing Champions League final soccer match against Bayern Munich in London 

Да потсетиме, тренерот на Борусија Дортмунд е исклучен на мечот против Наполи во рамките од првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Клоп збесна во 29-тата минута кога Наполи постигна гол, а четвртиот судија во тие моменти одолговлекуваше со дозволата за враќање во игра на Невен Суботиќ на кој претходно му беше укажана лекарска помош.

Германецот ги загуби нервите и вербално го нападна четвртиот судија, а според изгледот на неговото лице малку недостасуваше и да го удри. По мечот 46-годишниот стратег се извини за инцидентот и во свој стил порача дека се однесувал како мајмун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top