Во светот на фудбалот сеуште трае расправата дали Герет Бејл вреди 100 милиони евра колку што Реал Мадрид му плати на лондонски Тотенхем.
Германскиот голман Јенс Леман кој пет години ја чуваше мрежата на Арсенал смета дека таквите износи не се реални.
– Искрено, Арсенал плати премногу за Озил, но тоа се случи поради тоа што Бејл отиде во Реал за огромна сума. Ниеден играч не вреди толку. Сепак трансферот на Озил е многу подобар, мислам дека помеѓу овие двајца играчи разликата не е 50 милиони, но така функционира пазарот – вели Леман.
Реал на крајот од трансфер периодот успеа да го донесе Бејл во своите редови, а за него плати рекордна сума од 100 милиони евра, а во меѓувреме се откажаа од услугите на германскиот фудбалер Месут Озил и го продадоа во Арсенал за 50 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Германецот Лено замена за Чех на голот на Арсенал
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Обамејанг пред потпис со Арсенал, напаѓачот им прати чудна порака на фановите
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)


