| четврток, 6 декември 2018 |

Селма Хаек воодушевена од ќебапчињата

Холивудската актерка веќе неколку месеци е во Србија, каде го снима својот најнов филм „Еверли“. Таа го искористила слободниот викенд, за краток одмор и го напуштила Белград со нејзината петгодишна ќерка Валентина.

Но, пред да замине, не заборавила да го посети центарот на градот во тн. силиконска долина, каде пробала од прочуените белградски ќебапи.

Многу јасно – многу ѝ се допаднале. Вработените раскажуваат за тамошните медиуми дека Селма е многу присебна и скромна. Таа ги пофалила ќебапчињата и им ветила на вработените во кафаната дека повторно ќе се врати, а пред да го напушти Белград ги задолжила српските асистенти од филмската екипа, да набават потопла облека за неа и Валентина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top