| четврток, 6 декември 2018 |

Драги: Не се знае дали на Грција ќе ѝ треба нова помош

mario dragi ECBСпоред Марио Драги, претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), рано е  да се прогнозора дали на Грција ќе ѝ биде потребен трет пакет финансиска помош. Драги смета дека грчкиот долг засега е одржлив потсетувајќи дека во тек е исплатата на помошта од вториот пакет за спас на Грција.

Тој нагласува дека ЕЦБ ќе продолжи да ѝ исплаќа средства на Грција од вториот пакет-помош до крајот на 2014 година, додека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој заедно со ЕЦБ и ЕУ ја сочинуваат „тројката“ меѓународни кредитори на Атина, ќе одделува средства за потребите на грчката држава до почетокот на 2016 година.

Донесувањето на евентуална одлука за трет пакет за спас на Грција ќе зависи од обемот на пристапот на земјата до финанските пазари до крајот на 2014 година, нешто што засега е тешко да се предвиди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top