Еден од најдобрите центри во историјата на НБА кошарката, Шекил О`Нил си купи акции во Сакраменто Кингс и ќе биде дел од сопственичката структура. Потегот е неочекуван, ако се знае дека популарниот Шек имаше многу недоразбирања со навивачите на локалниот ривал додека играше за Лос Анџелес Лејкерс.
Во една прилика тој ги нарече кошаркарите и симпатизерите на Сакраменто „кралици“ (Квинс), провоцирајќи ги „кралевите“ (Кингс). Пред 11 години Шек ги предводеше Лејкерс во фантастичното финале на Западната конференција до конечен триумф од 4-3 во победи против Сакраменто, а сега стана дел од сопственичката структура на овој клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.