| четврток, 6 декември 2018 |

Судскиот совет: Ќе ги разрешиме судиите кои нема да ги пресудат старите предмети до Нова Година

sudski sovet predupreduvanje

Судскиот денес упати предупредување до Основниот суд Скопје 1 во кое се наведени имињата на десетина судии кои имаат стари предмети. Доколку не бидат решени овие предмети до крајот на годинава, Советото ќе започне постапки за разрешување на овие судии.

Во нивното соопштение стои:

„Нужно потребно е во рамките на дозволените правни средства и механизми според Законот за кривична постапка да ги превземат сите потребни дејствија, како и до 31.12.2013 годинабидат завршени наведените стари предмети. Во спротивно ССРМ, ќе биде приморан да постапува согласно своите надлежности и да преземе мерки согласно Законот за Судски совет на РМ, а во врска со член 75 од Законот за судовите“, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top