| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатна правна помош за сиромашните

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во Скопје го промовираше веб порталот пристапдоправда.мк наменет за сите граѓани кои имаат потреба од информациите кои ги содржи со посебен фокус на граѓаните со потешка материјална положба и припадниците на ранливите категории граѓани

188BC4E5-007A-45CF-AA65-C74597D61245_mw800_s
Целта е да се промовира бесплатната правна помош како инструмент за овозможување еднаков пристап до правда за сиромашните граѓани, како и да го олесни пристапот до правда за граѓаните преку овозможување јасни и разбирливи упатства за решавање на правните проблеми на граѓаните.

Порталот содржи упатства за начинот на остварување на правото на бесплатната правна помош, основни информации за најчестите правни прашања со кои се соочуваат граѓаните, ако и опис на трошоците за водење постапки во македонскиот правен систем.

Како што денеска соопшти МЗМП дадени се и упатства за можностите кои им стојат на располагање на граѓаните во случаите кога поради слаба материјалната положба не се во можност да водат постапки за остварување и заштита на нивните права и тоа бесплатна правна помош, ослободување од плаќање на судски такси, ослободување од плаќање на трошоците на постапката и слично.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top