Часови пред решавачкиот натпревар за златото во „Арена Стожице”, раководството на ФИБА Европа, вицепремиерот на Украина Александар Вилкул, претседателот на Украинската кошаркарска федерација Александар Волков и директорот на Евробаскет 2015, Маркин Лубкивски направија презентација.
„Скок заедно напред” е мотото на турнирот, а Саша Волков објави: „Убеден сум дека Европското 2015 ќе биде најдоброто во историјата”.
На логото на Евробаскет 2015 долго време работеле португалски дизајнери, кои ги проектирале и логоата за Европските првенства во фудбал во 2012-та и 2016-та.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.