Додека траеше борбата во финалето на кошаркарскиот терен, од трибините го следеше и поубавата половина на играчот на Франција, Тони Паркер.
По победата на Франција над Литванија во финалето на Евробаскетот, 31-годишниот Паркер не можеше да ги сокрие своите емоции.
Веднаш по завршувањето на мечот се качи на трибината и ја баци својата вереница Аксел, овој момент го фатија многу фотографи, но на нив не им пречеше.
Паркер е во врска со француската новинарка Аксел веќе две години.
Тони три години беше во брак со Ева Лонгорија, но се разведоа поради тоа што очајната домаќинка му пронашла секси пораки во неговиот мобилен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




