– Учеството на турнирот во Солун е добредојдено пред стартот на домашното првенство и БИБЛ лигата. Постигнавме две победи од кои посебно значајна е онаа против Кавала, екипа со која игравме во БИБЛ лигата. Нов предизвик за нас е претстојниот меч со ПАОК кој беше учесник на Меѓународниот кошаркарски турнир што се одржа кон крајот на август во Гевгелија, изјави претседателот на Кожуф, Томица Главчев.
Гевгелискиот прволигаш во домашното првенство ќе стартува на 12 октомври пртив Фени Индустри на домашен терен, а три дена подоцна во рамки на БИБЛ лигата ќе ја пречека екипата на Пеќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.