Терористичкиот напад во трговскиот центар во Најроби, во кој се убиени 68 лица, е дело на Саманта Лујтвајт, „белата вдовица“ на Џермејн Линдзи, еден од напаѓачите што во 2005 година се разнесоа во нападот во Лондон, објави „Дејли меил“. Војниците откриле дека напаѓачите во Најроби следеле наредби од бела жена прекриена со превез. Во нападот биле повредени 175 лица. Името Бела Вдовица милитантната група Ал Шабаб го објавила на својот профил на „Твитер“, заедно со уште осум луѓе за кои тврдат дека учествуваат во нападот. Во трговскиот центар сè уште има 10 заложници, а меѓу напаѓачите, наводно, има и луѓе од Канада, Кенија, Финска, Британија и од САД.
Според „Дејли меил“, Лујтвајт е клучниот член на милитантната група Ал Шабаб, која ја презела одговорноста за нападот. Таа преминала кон исламот поради својот сопруг. „Шерафија Лујтвајт, односно Саманта е храбра дама! Ние сме среќни што ја имаме во нашите редови“, објавиле на „Твитер“ дел од милитантите. Меѓу напаѓачите, според тврдењето на таа група поврзана со Ал Каеда, се и Англичаните Либан Адам и Ахмед Насир Ширдон.
Лујтвајт исчезнала по нападот во Лондон во 2005 година, заедно со двете деца. Во 2011 година полицијата во нејзиниот стан во Момбаси пронашла хемикалии слични на тие што нејзиниот сопруг ги користел за изработка на бомби. Обвинета е дека е главна финансиерка на Ал Каеда на истокот на Африка, дека финансира и регрутира млади муслимани во кампови за обука во Сомалија и дека обучува женски тим за џихад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тркачката од Кенија се сруши на целта: Реагираше прва помош
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода
-
Приведени деветмина во Атина: Се сомневаат дека подготвувале терористички напад


