Седумдесет и осумгодишната жителка на струмичкото село Владевци вчераутро била пронајдена во канал покрај пат, во атарот на селото, снеможена и со траги од насилство на телото.
Жената ја нашол нејзиниот зет и веднаш ја префрлил во Општата болница во Струмица, каде што ѝ била укажана лекарска помош.
Според првичните информации, лекарите констатирале траги на насилство на телото на старицата, која била пронајдена полугола и снеможена.
Полициски екипи и јавен обвинител вчера извршија увид на местото каде што беше пронајдена старицата, а натамошната истрага меѓу другото треба да утврди и дали жената била силувана.
Инаку, минатиот петок старицата беше пријавена во полиција за исчезната од страна на член на нејзиното семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Помор на риби во каналот Студенчишта: Тони плашици угинаа, ЕЛЕМ не го намали испустот на вода од Охридско езеро (видео)
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Утринава најстудено во Берово и Струмица, температурите под нулата
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)



