
Кокев го промовирапше новиот парфем инспириран од актерките, од нивната насмевка започна создавањето на „Actress”. Тања Кокев, сопственичката на ова Ателје, најавува дека парфемот, освен во нејзиниот салон, ќе биде достапен и во поголемите парфимерии во Скопје, како Јуник, Космо, Шатце и Еликсир, по цена од 3190 денари.
-Јелена Јованова беше присутна од самиот почеток, односно од раѓањето на идејата да се направи парфем. Токму затоа и го насочив парфемот кон нејзиниот лик. Но не само кон неа, туку генерално кон сите актерки. Актерките се жени што првенствено зрачат со талент, внатрешна и надворешна убавина, интрига, пленат со страсна и дива размазена страна, тие зрачат со самодоверба и имаат нешто во себе што е блиску до магија. Впрочем, можат во секунда да те маѓепсаaт. Кога се смеат, целиот свет изгледа како да се смее со нив. Ете тоа е приказната за “ACTRESS” – вели таа.
Таа нагласува дека мандарината и бергамот на почеток во големи количини се идеални ноти, кои ја развеселуваат целата композиција. Тие се насмевката на Actress. Нотите на Розев бибер, се следни кои се појавуваат во композицијата и претставуваат ефект на блесок-отсјај на дијаманти. Тој е нејзиниот накит. Во срцето на парфемот заедно се играат Циктус и Ружа со трња. Циктусот е тука за да ја претстави нејзината самодоверба. Ружата e со трња, за да ја опише нејзината убавина, но и нејзината дива страна. Сето ова е поврзанo со Толу балсам, кој има природно слатка нота која наликува на мед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


