Околу 234 милиони евра заработила Македонија во првата половина од годинава од извоз на земјоделски производи, што е за околу 10 отсто повеќе споредено со истиот период лани, пишува Дневник. Според очекувањето на Министерството за земјоделство, доколку извозот на овошје, зеленчук и сточарски производи продолжи со истото темпо, до крајот на годината во државната каса ќе се слеат рекордни 400 милиони долари. Македонија во текот на првите шест месеци на странските пазари продала повеќе од 279.000 тони земјоделски производи, а според официјалните податоци, најважни партнери во извозот и се Србија, Хрватска и БиХ, каде се пласира 52 отсто и земјите на ЕУ со 41 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.