Граѓаните на швајцарскиот кантон Тичино, дел од италијанското говорно подрачје, на референдум се изјаснија за забрана на носење вел што го покрива целото лице, без оглед дали станува збор за жена или за маж. За ваквата забрана гласале 65 отсто од населението. Забрана се однесува на било група, вклучувајќи ги и муслиманите.
Медиумите оваа иницијатива ја нарекоа „анти- бурка“, а таа предизвикала критики во јавноста, особено кај муслиманската заедница и кај организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнел“.
Според Франс прес референдумите во Швајцарија претставуваат еден од основите на системот на таканаречената директна демократија, според кој иницијаторите на кампањата може да побараат гласање доколку соберат доволен број потписи.
Ако се усвои оваа мерка, тоа ќе биде првпат некој од 26-те швајцарски кантони да спроведе забрана на покривање на лицето на јавни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


