| четврток, 6 декември 2018 |

Турција ја бојкотира Евровизија, решија да си направат своја

Втора година по ред Турција реши да не испраќа претставник на изборот за песна на Евровизија. И покрај добрите пласмани, земјата реши дека не ѝ се исплаќа настапот на оваа Евровизија, кога може да си направат и своја.

Турскиот јавен сервис одлучи да инвестира во сопственото шоу „Турковизија“ во кое учествуваат 20-тина земји кои се историски или културолошки поврзани со Турција.

Турција се реши на овој чекор бидејќи не се согласува со системот на гласањето на Евросонг, според кој четирите големи земји одат директно во финале.

Сѐ попопуларната Турковизија годинава се одржа по четврти пат, а за прв пат годинава и Македонија имаше свој претставник. Младата пејачка Сања Лефкова ја понесе наградата за најдобра интерпретација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top