| четврток, 6 декември 2018 |

Ден без автомобили во Аеродром

aerodromДецата од градинката „Срничка“ од општина Аеродром денеска на кејот на Вардар со спортски и рекреативни игри на чист воздух ќе го одбележат Денот без автомобили.

Целта на оваа активност, информираат од општина Аеродром, е на децата да им се пренесе пораката дека со редовно одење во природа дишиме чист воздух и се рекреираме што поволно влијае на нашето здравје.

Спортските активности се отворени и за другите заинтересирани деца, кои сакаат да се забавуваат и рекреираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top