Самарас повика на единство за заштита на демократските вредности, нацијата и политичките сили да застанат во борбата против нацизмот. Грчкиот премиер за весникот „То Вима“ вели дека е одлучен да се спротивстави на криминалната активност на неонацистите од партијата „Златна зора“.
– Демократијата има средства да се спротивстави на предизвиците и ќе ги искористиме на најефикасен начен, вели Самарас.
Грчкиот министер за заштита на граѓаните Никос Дендиас веќе посочи дека со ревизија на Уставот ќе може да биде разгледана можноста да се забрани „Златна зора“ .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


