| четврток, 6 декември 2018 |

Расте бројот на жртви во Најроби: Терористите сè уште држат триесетина заложници

kenija zaloznicka drama

Бројот на загинати во терористичкиот напад во Кенија постојано расте. Според последните информации, досега се убиени 68 заложници, а се повредени 175 луѓе. Од трговскиот центар успеале да побегнат околу 1.000 луѓе. Кенијската војска сè уште спроведува акција за ослободување на преостанатите триесетина заложници, кои се во рацете на исламистички милитанти.

Процените се дека во трговскиот центар во Најроби има меѓу 10 и 15 припадници на екстремната сомалијска милитантна група Ал Шабаб. Оваа терористичка организација ја презеде одговорноста за нападот, кој го извеле поради воените операции на кенијската војска во Сомалија. Во оваа африканска земја од 2011 година се борат околу 4.000 кенијски војници против исламистичките милитанти.

Според некои очевидци напаѓачите ја испитувале верската определба на заробените посетители.

 

– Дојдоа и рекоа: ако сте муслимани станете, ние дојдовме да ве спасиме, вели сведок за „Би-Би-Си“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top