| четврток, 6 декември 2018 |

Јохан Тарчуловски: Ја слушав Мелани како панично вреска

sonja i johanСоња во петокот цел ден чистеше дома. Имаше извадено теписи, средуваше по свадбата и роденденот. Беше преморена. Легна да одмори, а јас со децата и внук ми отидовме во Љубанци. Кога се вратив таа се уште спиеше, ја разбудив, и реков ќе направам кафе да стане. Пиевме кафе, со Младен гледавме фудбал, а Мелани беше на компјутер. Соња собираше работи по дома. Се договарав со еден човек да ми донесе капи за Смилево. Го замолив да ми ги донесе кај зградата зашто навечер не излегувам многу. Кога ми се јави дека е во близина кај зградата тргнав да излегувам и во исто време заѕвони телефонот. И реков на Мелани да се јави, а јас тргнав надолу – раскажува Јохан Тарчуловски за петокот кога неговата сопруга, популарната фолк-пејачка Соња Тарчуловска падна од балконот на нивниот семеен дом во скопската населба Кисела Вода.

Во моментот кога се симнувал по скали истрчала соседката во паника велејќи дека паднало дете од балкон. Во исто време Мелани ја отворила вратата во влез и почнала да вика. Јохан со трчање се вратил горе додека Мелани викала дека мајка и паднала.

-Прво помислив и се слошило и паднала на земја. Потоа сфатив дека паднала од балкон. Отрчав долу, соседката веќе беше со неа и ја држеше главата и се обидуваше да ја освести. Беше во бессознание, полека се освести и почна да се жали на болки во во нозе, грб… Ја пратив соседката кај децата, се јавив на брза помош. Во меѓувреме пристигна и човекот со капите му реков да излезе на улица да ја чека брзата помош. Им се јавив неколку пати да проверам до каде се… Потоа ја однесоа на ургентен. Ја снимија и рекоа дека ќе почекаат до утрината пред да ја оперираат – вели тој.

Соња за нивната садба го украсила балконот. Балконот бил застаклен. Во моментот која заѕвонил телефонот се јавила нејзината сестра. Соња била качена за да ги отстрани украсите. Мелани и го подала телефонот. Соња сакала да се потпре на стаклото за да може да ја земе слушалката. Но не забележала дека стаклото е отворено.

Соња се чувствува многу подобро. Според Јохан се сеќава до моментот кога сакала да се потпре на стаклото. Почнала со нормална исхрана во болницата, а не би требало да има никакви последици.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top