На прво место по бројот на граѓани со заштеди е Луксембург (89 отсто), а на последно е Романија (48 проценти).
Приближно половина од граѓаните на ЕУ (49 проценти) изјавуваат дека можат да живеат со своите лични средства едвај три месеци, ако престанат да добиваат други приходи. За други 47 проценти од Европејците нивните заштеди нема да им стигнат дури ни за едно тромесечје.
Најзадоволни од големината на своите банкарски сметки се луѓето во Холандија и Германија, соодветно 47 и 46 проценти од вкупниот број на населението.
Најнезадоволни се Чесите (38 проценти), следени од Италијанците и Шпанците (36 проценти).
Во моментов Европејците се принудени да ги ограничуваат своите трошоци. Така на пример, две третини од граѓаните на ЕУ се жалат дека за една третина ги намалиле своите трошоци за облека, козметика и културен живот и забава. Нивните расходи за образование и медицински грижи, меѓутоа, останале практично на нивото до кризата.
Истражувањето е направено на нарачка од холандската банка ИНГ и од германската агенција ТНС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


