| четврток, 6 декември 2018 |

Албанскиот премиер Еди Рама на свадба кај Џорџ Сорос

Милијардерот Џорџ Сорос (83) се ожени со консуктантката за образование Тамико Болтон, која е помлада од него 41 година. Ова е трет брак на Сорос, а церемонијата се случила на неговиот имот во Њујорк во присуство на најблиските пријатели и членови на семејството. Меѓу гостите бил повикан и бизнисмен „тежок“ 20 милијарди долари, претседателот на Светската банка Џим Јонг Ким, претседателот на Естонија Томас Хендрик Илвес и премиерот на Албанија Еди Рама.

Невестата, на која ова и е втор брак носела фустан од либанска дизајнерка Рим Акра, чии креации досега носеле Џенифер Лопез и Анџелина Џоли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top