Жителите на потпелистерското село Трново последниот период живеат во страв да не останат без овци, но се плашат и за својот живот затоа што волци им слегуваат во селото. Само последниот месец и половина во селото биле изедени повеќе од 20 овци, а последните два дена изеле 6 овци, јавува „Тера“ телевизија.
-Во период од месец и половина изедени се 23 овци. Ќе почнат и луѓе да јадат, преку ден да шетаат, вели Јани Ѓорѓиевски, овчар од село Трново.
Жителите апелираат до сите надлежни да им се помогне и да се преземат какви било мерки, само за да не живеат во страв и неизвесност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.