| четврток, 6 декември 2018 |

Бездомникот кој пронајде и врати 40.000 долари,ќе добие двојно повеќе за награда

Бездомникот Глен Џејм од Бостон пронашол торба во која се наоѓале нешто повеќе од 40,000 долари во кеш. Иако многу луѓе посебно оние на кои парите им се најпотребни никогаш не би го пријавиле случајот, Џејмс веднаш ги исконтактирал надлежните органи и им ги предал пронајдените пари.

Полицијата го пронашла сопственикот, кој оваа приказна ја објавил на интернет по што Етан Витингтон од Алабама, човек кој работи во маркетинг и на никој начин не е поврзан со Џејмс одлучил да му помогне и започнал акција за собирање на средства преку која во два дена успеал да собере над 93,000 долари од донации.

Глен Џејм уште не одлучил како ќе ги потроши парите но побарал една недела да размисли за се што се случило и да ги одреди своите приоритети, пред средствата да му бидат префрлени на неговата сметка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top