| четврток, 6 декември 2018 |

Необична аукција: се продаваат бакнежи од Адел, Кети Пери и Ријана

Отпечатоци од усните на пејачките Адел, Ријана и Кети Пери ќе бидат продадени на интернет аукција.

Оние кои ќе ги купат ќе добијат можност, истите да им бидат тетовирани на избран дел од телото од страна на истакнатиот њујоршки мајстор за тетоважи Банги Банги.

Кон иницијативата на трите поп диви се приклучија и нивните колеги Џастин Бибер, Рита Ора, Алиша Кис, Лени Кравиц, уметникот Алан Каминг и супермоделот Кара Делевин.

Аукцијата ќе се одржи на сајтот CharityBuzz.com. Собраните средства одат за две еколошки организации кои работат во корист на домашните животни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top