Познатиот пејач сер Елтон Џон имал секс со шпион на КГБ на покривот на хотел во Русија.
66-годишниот пејач откри дека бил интимен со агентот, кој работел за советската служба за безбедност, за да го компромитира, бидејќи тајната полиција во земјата го поставила во негова придружба за да знае за секое негово движење додека бил во СССР.
– Во Русија бев во 1979 година и знаев дека не набљудуваат цело време. Имав преведувач кој тие сигурно го поставија тука. На крајот имавме секс на покривот на хотелот, изјавил пејачот.
Елтон, кој не ја крие хомосексуалната ориентација, заминува за Русија во декември, за да ги поддржи хомосексуалците во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


