-Посетата на медијаторот Метју Нимиц на Атина, грчките дипломати ја оценија како одбележување на „многу раната фаза“ од новите напори за решавање на спорот- пишува провладиниот весник „Катимерини“. Повикувајќи се на извори од Министерството за надворешни работи, весникот објавува дека Нимиц не донел специфични предлози туку презентирал „рамка“, која може да биде употребена за да се најде решение. Врз основа на ова, истите извори изразиле оптимизам дека предлогот што ќе го донесе Нимиц на следниот состанок ќе го задоволи барањето на Грција за решение кои ќе содржи географска одредница.
Медијаторот вчера во Атина се сретна со грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос и со премиерот Андонис Самарас.
Тој изрази задоволство што на средбата присуствувал и Самарас и истакна дека имале „куса, но интензивна дискусија“ и информира дека презентирал некои идеи за кои разговарале во детали.
– Не сакам да го употребувам зборот предлог, туку повеќе идеи за кои зборувавме во ноември во Њујорк. Имам некои размислувања кои ги презентирав тука. Истото ќе го направам и во Скопје и да видиме дали можеме да се доближиме, рече Нимиц.
Тој нагласи дека не може да открие што презентирал и повтори дека се бара взаемно прифатливо решение за прашањето за името. Најави оти оди за Скопје за да разговара со македонската Влада и изрази уверување дека дискусиите можат да се забрзаат и да се постигне „некакво решение“.
Американскиот Стејт департмент ги повика Македонија и Грција да ја искористат посетата на посредникот за спорот за името Метју Нимиц на двете земји за да се најде решение. Висок претставник на Стејт департментот за Македонската информативна агенција изјавил дека нивниот став со годии наназад е дека го поддржуваат процесот во Обединетите нации, и се надеваат дека Македонија и Грција ќе го искористат за да се изнајде решение на спорот за името. Од седиштето на американската дипломатија понатаму не ја коментираат посетата на Нимиц, со оценка дека очекуваат да слушнат што посредникот ќе има да каже по средбите во Атина и во Скопје.
Нимиц во Скопје пристигнува денес. Ќе има средби со македонскиот државен врв треба да презентира одредени идеи за негово надминување, откако тоа вчера го направи во Атина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


