| четврток, 6 декември 2018 |

Во Истанбул дневно исчезнуваат по 26 деца

истанбул

Во Истанбул, Турција секој ден исчезнуваат по 26 деца. Статистиката вели дека педесет отсто од нив се откриваат во рок од 24 часа откако нивните родители ќе ја информираат полицијата, пишува весникот „Туркие“.

Околу 60 проценти од исчезнатите деца се девојчиња. Во некои од случаите станува збор за бегство од дома поради семејно насилство, а во други случаи за киднапирање.

Минатата година во Истанбул биле регистрирани вкупно 9.670 случаи на исчезнати деца, а во 2011 година тој број изнесувал 7.502.

Весникот тврди дека полицијата открива 98 отсто од исчезнатите деца во текот на една година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top