| четврток, 6 декември 2018 |

Наташа Малинкова пред три месеци го доби второто дете, а веќе работи на трето

natasa malinkova

Пејачката Наташа Малинкова и нејзиниот сопруг Кире пред три месеци ја добија втората ќерка Емилија, а веќе почнале со работа околу проширувањето на семејството. И двајцата имале голема желба што поскоро да добијат и трето дете, по можност син, вели Малинкова за Вест.

– Кај Малинкови одамна немало машко дете, па да се потрудиме да остане презимето. Мислам дека три деца се нешто најнормално, а ако и третото биде девојче, немам ништо против да одиме и на четврто. Големо значение во ова наша одлука има и тоа што не живееме само од мојата музика, туку имаме и добро разработен семеен бизнис со изработка и продажба на мебел, што значи дека сме добро ситуирани. Мислам дека ги исполнуваме сите услови за повеќедетно семејство, вели кавадарчанката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top