МЗТ во финалето загубија од Раднички од Крагуевац дури по продолжението со 88-90 (78-78,42-42).
Нашиот тим во текот на целата средба беше во негатива, која пред самиот крај на дуелот успеа да ја анулира за продолжение. Во дополнителните пет минути, повторно на седум секунди пред крајот имаше можност за победа но Гечевски не успеа да го реализира шутот од зад линијата за три поени.
Најефикасни во составот на МЗТ Скопје беа Гечевски со 24 поени, Дејвис заврши со 13 поени, Стојановски запиша 12 поени, додека Костоски – 10 поени.
Во победничкиот тим за најдобар кошаркар беше прогласен Марко Мариновиќ, кој финалето го заврши со 18 поени.
Третото место на турнирот го освои бугарскиот Лукоил совладувајќи го во малото финале Металац со 79-69.
Извор и фото: охрид њуз
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.