| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ќе остане без доктори?!

Седумдесет отсто од македонските студенти по медицина во прва година се од женски пол, а 60,6 отсто од студентите по медицина во прва година би сакале да се отселат од Македонија по завршувањето на студиите, покажала анкетата на проектот „Хелт групер“, меѓународна мрежа на даватели на медицински услуги.

Најголемиот дел од анкетираните одговориле дека по завршувањето на студиите би сакале да се вработат во приватна здравствена установа, а најатрактивни специјалности биле хирургија и интерна медицина.

Само една третина од студентите што се по потекло од Скопје, изјавиле дека би останале да работат во земјава, наспроти другите две третини, кои изјавиле дека планираат да се отселат.

Само еден од четворица од студентите дојдени да студираат во Скопје,  планира по студиите да се врати во местото од каде што потекнува. Повеќе од половината изјавиле дека сакаат да заминат од Македонија, а околу 20 проценти би останале во Скопје.

„Хелт групер“, меѓународна мрежа на даватели на медицински услуги, доктори и заболекари, формирана со цел да ја подобри пристапноста, да го зголеми изборот и да ги намали трошоците за здравствени услуги. Целта на истражувањето била да се види како размисуваат студентите по медицина во прва година, а истите ќе бидат анкетирани и во 2018, кога ќе бидат на крајот на студиите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top