Славниот Битлс Пол Макартни, кој најави дека никогаш нема да се пензионира, ги ангажирал Бред Пит и Шон Пен за својот нов спот.
-Пол е многи влијателен во светот на шоубизнисот и може да го повика кого сака и кога сака, тој е легенда. Спомнувани се и други познати имиња, но Бред и Шон се најбитни. Шон веднаш се согласил да се појави во спотот, додека Бред ќе искористи шанса доколку може да ја вклопи во распоредот на снимање- посочуваат од Холивуд.
Ова не е прв пат музичарот да соработува со актери. Лани во неговиот спот за песната My Valentine се појавија Џони Деп и Натали Портман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


