Активистите за правата на животните во Перу велат дека стотина мачки ќе бидат убиени и изедени овој викенд за прославата во чест на Света Ифигенија, во градот Ла Куебрада, јужно од Лима. Тие бараат да се забрани печење на месо од мачки на скара во текот на годинашниот верски празник
На нивните барања се приклучил и пратеник кој испратил писмо до окружниот началник и до министерот за здравство на Перу, со барање и забрана за користење на мачките како исхрана.
Активистите велат дека и месото од мачки е опасно за здравјето. Министерката за здравство Мидори де Хаби рекла дека овој обичај треба да се прекине, но не преземала никакви мерки за тоа.
Жителите на Ла Куебрада ја бранат својата традиција и велат дека мачките кои се жртвуваат, се чуваат на посебен начин, а дека ќе убијат и изедат само „по некоја“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


