| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ задоволна од Буџетот за 2014

дуиОд ДУИ велат дека предлог-буџетот за 2014 предвидува реализација на повеќе проекти во регионите населени главно со Албанци. Според партијата на Ахмети, Кичево и Струга се најзастапени со проекти за следната година, иако не изостануваат и другите региони, пренесува Алсат-М.

Предвидена е изградба на слободните економски зони во Кичево и во Струга и за оваа намена се одвоени по 100 милиони денари, а за зоната во Тетово се одвоени 25 милиони денари.

За зоните во источниот дел од земјава се одвоени по 10 милиони денари и тоа за Струмица, Берово, Делчево и Виница, а за слободната зона во Ранковце се одвоени 15 милиони денари. 255 милиони денари се предвидени за почеток на изградбата на патниот правец Кичево-Струга.

За плоштадот “Скендербег“, според ДУИ, се одвоени 150 милиони денари, а предвидени се пари и за водоводот во Зајас, Тетово и Липково, и тоа по 20 милиони денари.

Со буџетот за 2014 се предвидени средства и за театрите во Скопје и во Тетово и за тетовската библиотека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top