Тој изработува се што може да се скрои, но вели дека шапкарството го пленило уште пред 7 години, а оттогаш изработува секакви, односно топли капи за во зима и летни шапки за сенка во лето.
– Ножиците, штоф и шаблон треба да имаш оти капава без шаблон не можеш да ја направиш. Можеби креаторите би можеле они имаат факултети, школи такви завршено, ама јас или другиве шивачи не можеме да ја направиме, мораме да имаме теркче, вели Богдан Петров.
Тој своите шапки ги продава на тезга на пазар, но вели дека се поретко има муштерии. Не купуваат рачно изработени туку готови увозни, а голема конкуренција му се научниците кои измислуваат нови шапки. Се сеќава на минатото кога имал рекордна продажба во еден ден.
– Па пред 6 – 7 години се трошеа додека не беа навлезени увозните капи. Едно време имам продадено пет капи. Беше баш пред Божиќ, си дојдов баш и на жената и велам, не бери гајле жено, празникот го направивме, пет капи продадов по 200 денари, немај гајле сега, вели Петров.
Вели му натежнала староста, но не се откажува од занаетот кој му ја олеснува осаменоста откако останал без сопругата.
– Се осеќам здрав и мака немам. Одам, шијам, стојам на тезга, не ми е проблем. Има полно луѓе пријатели стекнав со капите, ќе купи, муабет ќе направиме, утре ќе ме сретне ќе ме поздрави и така со полно муштерии се спријателив, вели шапкарот.
Но мајстор Богдан нема кој да го наследи. Подготвен е да ги учи помладите, ама до сега не се јавил кандидат за чирак.
– До сега никој да ми рече мајсторе или Боце, дај покажи ми како се прават. Нема кој да го продолжи. Еве јас 81 година сум што знам утре може ќе умрам, ќе нема човек кој да направи капа, вели Петров.
Боце е последниот шапкар во Велес, откако неговите двајца колеги неодамна починале. Не испрати со надеж дека ќе му помогнеме во потрагата по наследник на занаетот, оти како што вели град без шапкар не бива.
Извор: региони.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.