| четврток, 6 декември 2018 |

Тирана: Доктори истерале ромче од болницата, се вратило со министерот за рака

алб министерНовиот министер за социјална политика и младина Ерион Велиај, ги зачудил присутите пациенти во Воената боница во Тирана, кога влегол во болницата држејќи во раце дете од ромска националност на кое му била потребна лекарска помош. Детето претходно го однеле неговите родители, но му била одбиена лекарска помош, по што лично се заложил министерот.

– Двегодишниот Елидон е детето што беше лесно повредено на улицата во чија близина повеќе од пет недели во шатори живеат 37 ромски семејства насилно протерани од нивните бараки во кои живееа со години. Министерот Велиај детенцето го запознал при неговата посета на ромските семејства уште првиот ден од стапувањето на должност, пренесува весникот Тема.

Мајката на малиот Елидон му се пожалила на министерот дека го однеле детето во болница, но од таму излегле без да биде детето лекувано. Само ден по средбата министерот лично го однел детето во Воената болница каде му била пружена потребната лекарска помош. Во Албанија живеат околу 200 илјади Роми и Египќани и припаѓаат на најсиромашната категорија, дури не ги уживаат ни најосновните човекови права, како што е здравствената заштита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top