Според порталот на албански јазик во Швајцарија, Албинфо, Ристе боледувал од тешка форма на шизофренија.Тој во март 2012 избегал од една прихијатриска болница во Базел, украл автомобил што некотролирано го управувал по градските улици, и притоа усмртил една жена со велосипед додека други седум пешаци биле повредени.

Кога бил испрашуван, во врска со неговото бегство од болницата, Ристе изјавил дека „слушал гласови кои го повикувале да оди во Македонија“. Тој исто така изјавил дека не сакал никого да повреди туку само да се ослободи и да побегне во Македонија.