| четврток, 6 декември 2018 |

Одложена егзекуција на жена во САД поради расна дискриминација

zena

Егзекуцијата на Кимберли Мекарти, американка осуден на смрт во Тексас, која требаше да се случи денес во 12 часот е одложена откако повисоките судови во Тексас ги прифатија аргументите дека пресудата е можеби донесена на расна основа. Од 12 судии поротници, само еден бил црнец.

Егзекуцијата е презакажана за 3 април. Мекарти е втора жена осудена на смрт во САД во последните две години. Ваквите пресуди се многу ретки. Статистички, жениоте во САД извршуваат 10 отсто од убиствата. Мекарти е осудена заради убиство на сосестката на Дороти Бут (71) во 1997 година.

Од 1976 година кога повторно е воведена смртната казна во САД, егзекутирани се 12 жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top