| четврток, 6 декември 2018 |

ЦИА детално го предвидела распадот на СФРЈ и бунтот на Албанците во Косово и Македонија

cia sfrj

ЦИА на 18 октомври 1990 година подготвила тајна информација во која се најавува дефинитивен распад на СФРЈ и крвави судири на нејзината територија, пишува Глас Српске.

Со отцепувањето на Словенија и Хрватска, Југославија ќе престане да функционира како федерална држава во рок од година и веројатно ќе се распадне во рок од две години. Економските реформи нема да спречат распад, се наведува во документите на ЦИА од кои неодамна е тргната ознаката „доверливо“.

ЦИА ја известила американската администрација дека Србија ќе го блокира обидот на Словенија и Хрватска од Југославија да се создаде конфедерација и дека тоа, со помош на растечкиот национализам ќе предизвика распад на земјата.

– Тешко дека ќе дојде до војна меѓу републиките, но сериозни конфликти меѓу заедниците ќе го следат распадот на Југославија и ќе продолжат по распадот. Насилствата ќе бидат жестоки и долготрајни, напишале агентите на ЦИА наведувајќи дека „поради српската репресија ќе дојде до воен бунт на Албанците на Косово и дека ќе ги поддржат албанските малцинства во Црна Гора и Македонија, а тоа ќе ги зближи тие републики со Србија“.

Во инфромацијата меѓу другото се наведува и дека САД и нејзините европски сојузници можат малку да направат да го сочуваат единството во Југославија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top