| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјани повторно ќе лизгаат на вистински мраз

boris trajkovski arenaПо неколкугодишна пауза, скопјани повторно ќе уживаат во лизгање на вистински мраз. Спортскиот центар Борис Трајковски ќе ги замени пластичните панели и на посетителите ќе им понуди лизгалиште со вистински мраз, пишува Вечер.

-Од први ноември ќе стартува зимската сезона каде на лизгалиштето ќе се имплементираат различни програми како рекреативно лизгање, тренинзи по хокеј, тренинзи по уметничко лизгање, турнири по хокеј и уметничко лизгање, рече директорот на спортскиот центар Ратко Капушевски.

Цената на билетот ќе чини 100 денари со вклучени лизгалки, а лизгалиштето ќе биде отворено и достапно 7 дена во неделата, од ноември до 15 април.

Тренинзите по хокеј и уметничко лизгање продолжуваат и оваа година со странските тренери, тие веќе се започнати со кондициони тренинзи за хокеарите, додека пак на девојчињата им се презентира балет како дополнителна вежба во клубот за уметничко лизгање.

Сите љубителите на овие спортови можат да се запишат и да почнат тренинзите кои ќе се одржуваат 4 пати во неделата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top