| четврток, 6 декември 2018 |

Соња Тарчуловска е во стабилна состоба

sonja

Соња Тарчуловска е во стабилна здравствена состојба, јави zdravstvo24.mk повикувајќи се на извори од КАРИЛ.

Таа синоќа со повреди на карлицата и р‘бетниот столб по падот од тераса била примена во Ургентниот центар на Клинички. Уште ноќеска и е извршена операција на еден пршлен од р‘бетниот столб, имала и скршена карлица. Сега се наоѓа на одделот за инстензивно лекување на КАРИЛ и е надвор од животна опасност, велат извори од Клиничкиот центар.

Фолк пејачката синоќа паднала од балконот на станот каде што живее семејството со скопска Кисела Вода и тешко се повредила.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се работи за несреќен случај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top