Британскиот премиер Дејвид Камерон се најде на мета на тамошните медиуми откако сестрата на неговата сопруга Емили Шефилд објави фотографија на инстаграм на која во позадина се гледа како премиерот лежи на кревет со боси нозе и одмара.
Фотографијата стана хит на интернет, а голем дел од јавноста го критикуваше поради неговата преголема опуштеност и нередот во собата.
Фотографијата е снимена на денот на свадбата на Емили, 7 септември. Претходниот ден Камерон присуствуваше на самитот на Г-20 поради што најверојатно му требало и многу одмор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.