| четврток, 6 декември 2018 |

Грција ја шпионирала Македонија и претходно

grcija

За соработката и поврзаноста на грчките тајни служби со Македонци, уште лани се проширија информации во новинарските кругови во Грција особено по смртта на еден македонски разузнавач. Неговото име се поврзуваше со грчки бизнисмен кој бил „шеф“ на балканската разузнавачка мрежа, распространета во Македонија, Косово, Србија а работела за интересите на Грција, јави дописничката на Канал 5 од Атина.

Истражувањата на новинарите во Грција, дошле и до информација дека се планирало отворање на центри за слободни студии кои тајните агенти би ги користеле за да ги прикријат нивните активности.

Името и преговорите во прв план за грчката тајна служба – ова е коментарот на анонимни извори, на прашањето кои би биле интересите на Грција, да шпионира во Македонија.

Уште во 92та Самарас тогаш како шеф на дипломатијата со строго доверлив документ во врска со прашањето за името, добиен директно од Америка, заминал на состаноците на Европската унија.

Документите ги добил од таен агент, кој работел за американското министерство за надворешни работи.

Овие податоци ги открива токму шпионот, Стив Лалас, кој за своите активности поминал 14 години во затвор.

Работел во Стејт дипартментот во одделот за комуникации,но и во повеќе амбасади а паралелно испраќал доверливи документи до грчката влада..

„Знаеше за мене и јас знаев за него. Тогаш работев во американксата амбасада “ – раскажа лани Лалас за грчкиот весник Параполитика без да открие детали што точно содржеле документите што му ги подготвил на Самарас. Додаде дека актуелниот грчки премиер го заштитил, и покрај тоа што знаел кој е не го издал.

Високи дипломатски извори од грчкото МНР, за Канал 5 велат дека информациите за поврзаноста на Грција во шпионската афера се за внатрешна употреба.

Не сакаат да коментираат прилози во медиумите, а официјално обраќање од Скопје до Атина – за сега нема. И грчките медиуми, Катимерини, Етнос, Елефтеротипија со исти коментари – без потребно се вмешува Грција, намерата е за внатрешноста на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top