| четврток, 6 декември 2018 |

Нов масакар во Нигерија; убиени 143 цивили

nigerijaНов масакар на исламистите во Нигерија. Работници крај еден автопат во североисточниот дел на Нигерија, откриле тела  на најмалку 143 цивили убиени од исламистичката екстремистичка организација Боко Харам. Дел од пронајдените тела биле обезглавени, а веројатно биле убиени во ноќта меѓу вторникот и средата.
Според медиумите, екстремисти маскирани во армиски униформи нападнале 20-тина возила на овој дел од автопатот, а во нападот користеле  арлтилериско оружје, автоматски пуштки и бомби.
Претходно беше соопштено дека во напад на екстремисти на Боко Харам во реонот на Борно биле убиени најмалку 87 лица. Засега нема информации дали станува збор за еден ист напад или пак за серија координирани акции на исламистите.
Групата Боко Харам во 2009 година започна герилска војна  со цел создавање на исламска држава на северот од Нигерија. Во нападите на екстремистите во изминативе четири години загинаа неколку стотици лица. Иако нигериските власти тврдат дека „речиси успеале да го задушат бунтот“, припадниците на Боко Харам и натаму продолжуваат со напади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top