| четврток, 6 декември 2018 |

Васил Гарванлиев „Марионка“ – 20 години подоцна

Го паметиме како детето со долга коса чиј настап на „Златно славејче“ и изведбата на легендарната „Марионка“ останаа како вистински детски евергрин.

Ова е Васил Гарванилев, 20 години подоцна, успешен оперски пејач кој наскоро ќе го има и својот прв солистички концерт во Македонија.

vasil marionka

Васил своето богато музичко искуство ќе го сподели најпрво во својата родна Струмица. Концертот, за кој влезот ќе биде бесплатен, ќе се одржи во големата сала  на Домот на култура „Антон Панов“ на 27.09 во петок во 20 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top