| четврток, 6 декември 2018 |

Барбара го откачи Пато за келнер

Некогаш големата надеж на Милан, а денес најголемата ѕвезда во Коринтијанс, бразилецот Алесандре Пато, изгуби уште една битка. Откако го откачија од Серија А, корпа му даде и неговата девојка.

Откако дојде во Милан, првиот човек на тимот Берлускони седум години чекаше екслозија од Пато, но не ја дочека, па затоа реши да го врати од таму каде што го зема, во Бразил.

24-годишниот Бразилец беше во долгогодишна врска со ќерката на Берлускони, Барбара. Откако се пресели во редовите на Коринтијанс нивната врска постојано била во криза, тоа и било причината Барбара да си најде нов дечко.

Во средата на напреварот од Лигата на шампиони Барбара го промовираше новиот дечко кој се вика Лоренцо, а работи како келнер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top